You are on page 1of 5

Зелена книга

УПРАВУВАЊЕ ВО ЗДРАВСТВОТО
Д-р. Вера Симовска,MD.PhD., експерт

Скопје, мај 2010


ПРОЦЕНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПОТРЕБИ ВО ЗДРАВСТВОТО

НАЦИОНАЛЕН МОНИТОРИНГ СИСТЕМ НАД ЗДРАВЈЕТО И РИЗИК ФАКТОРИТЕ


ПОВРЗАНИ СО НАЧИНОТ НА ЖИВЕЕЊЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

Цел: Создавање на надзорен систем над здравјето и бихејвиоралните ризик фактори (неправилна исхрана,
намалена физичка активност, пушење, алкохол и др.) во услови кога хроничните болести се во постојан пораст
(“FINBALT Health Monitor”).

Дали сметате дека Националниот мониторинг систем како интегрирана база на јавни информации за здравјето
поврзано со начинот на живеење и социо-демографските карактеристики на населението во Република Македонија би
допринела за :
1) Рано откривање на ризик факторите?
2) Утврдување на приоритетите во здравството?
3) Процена на ефиканоста на здравствената политика?
4) Идно планирање на интервентните превентивни мерки?

РАЗВОЈ И УНАПРЕДВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНА И КЛИНИЧКА НУТРИЦИОНИСТИКА

Цел: Унапредување на здравјето низ препораки за здрава исхрана вклучувајќи традиционална храна, развој на
кадри, стандарди и идно планирање на програми за превенција на нутритивно –поврзаните хронични болести .

Дали сметате дека е потребно :


1) Да се оснива Национален јавно-здравствен, истражувaчки и едукативен центар по медицинска диететика?

2) Дието-тераписки тe здравствени услуги да бидат финансирани од Фондот за здравство?


3) Да се воведат дието-превентивни програми во јавното здравство?
4) Специјализирани здравствени кадри по медицинска диететика ?
ПРОЦЕНА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПОТРЕБИ ВО ЗДРАВСТВОТО

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА И ПРОГРАМА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА


ЗДРАВЈЕТО НИЗ ФИЗИЧКИ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Цел: Унапредување на здравјето и превенција на хроничните болести низ физичка/спортска активност во услови
кога растечкиот тренд на хипокинезијата постана јавно здравствен проблем во Република Македонија.

Дали сметате дека е потребна:


1) Национална стратегија и програма за унапредување на здравјето на населението низ редовна примена на
физичката и спортска активност ?
2) Здравствена едукација на населението за превентивно-тераписките ефекти од вежбањето ?
3) Промени во урбаната средина што ќе ововзможат зголемување на редовната физичка/спортска активност кај
населенеито во земјата ?

ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛЕН ЦЕНТАР/ИНСТИТУТ И КАТЕДРА ПО


СПОРТСКА МЕДИЦИНА И ЗДРАВЈЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Цел: Потреба од трансфер на знаење од областа по спортската медицина наметна потреба од формирање на
Катедра по спортска медицина при Медицинскиот факултет и Национален центар/институт како наставна база за
спроведување на специјализацијата со курикулум од 4 год.според ЕУ.

Дали сметате дека е потребно:


1) Формирање на Национален институт/центар по спортска медицина во Република Македонија ?
2) Едукација на докторите од оваа област ?
3) Спортско медицинските прегледи да се задолжителни за сите лица кои се бават со редовна
физичка/спортска активност ?
4) Прегледите да се обавуваат во специјалистички спортско медицински служби ?
УЛОГА НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА

Цел: Урбаното планирање на здрави општини може да се понуди како една форма на примарна превенција.
Централна улога во решавање на здравствените проблеми на ниво на локалната самоуправа имаат докторите по јавно
здравство “идните планери за унапредување на здравјето” со мултисекторска соработка.

Дали сметате дека:


1) Граѓаните можат да допринесат во унапредување на сопственото здравје на ниво на локалната самоуправа?
2) Кои би биле формите на соработка меѓу граѓаните и политичарите, здравствените и соработниците од другите
сектори на ниво на локалната самоуправа ?

АКАДЕМИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ВО РАМКИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ


ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ – ОБУКА, ИСТРАЖУВАЊЕ, МЕДИЦИНСКА МАПА
Цел: Формирање на Академијата за здравствена заштита во рамките на НИЈЗ кој е воедно организациона
единица на Министерството за здравство. Академијата во соработка со НИЈЗ треба да спроведува :
- едукација од областа на здравствената администрација и реформи во јавно-здравствениот сектор,
- да одржува база на податоци на проучувања на практики врз основа на докази (вклучени во Кохран мрежата),
- да ја ажурира здравствената мрежа на Република Македонија.
Според СЗО, целта е масовна здравствена едукација со користење на интернет и е-учење.

Дали е потребно:
1) Да се воведе електронско учење за поефикасна и подостапна здравствена едукација на населението со отварање
на Здравствена академија при НИЈЗ ?
2) Да се зајакнат функциите на постоечките институции во насока на едукацијата без да се формира
нова Академија во рамките на НИЈЗ ?
ИНДИРЕКТНИ ДАНОЦИ НА ХРАНИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Цел: Воведување на даноци на храни, прехранбени производи и нутриенси влијае врз


- промени во навиките во исхраната кај населението,
- консумирање на здрава, традиционална храна,
- подобрување на здравјето и превенција на хроничните болести.

1) Дали подржувате воведување на даноци на храни и прехранбени производи ?


2) Дали цената на прехранбени производи ќе влијае на нивното консумирање,
а со тоа и на подобрување на здравјето?
3) Дали промени во фискалната политика може да влијаат врз консумирање на храна на популационо ниво
и подобрување на здравствените исходи ?

ИНФОРМИРАЊЕ И ЕДУКАЦИЈА НА ПАЦИЕНТИТЕ - ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ХРАНА

Цел: Подобрување на информациите за хараната и нејзините ефекти врз здравјето на потрошувачите со


дополнување на сегашните стандарди за етикетирање
- воведување лајбелинг за ефектите на храната врз здравјет и редуцирање на одредени
здравтсвени проблеми на пациентите
- усогласување на цените на храната со социо-економската состсојба во земјата.

Дали сметате дека е потребно :


1) Да се воведе задолжително етикетирање за влијание на храната врз здравјето,
како и нејзиниот состав, што делумно се применува ( food labeling and health claims) ?
2) Да се усогласат цените на основните прехранбени производи со стандардот на населението со што тие ќе

биде достапна до целото население?

You might also like