You are on page 1of 3

Врз основа на член 65, а во врска со членовите 8, 62 и 63 од Законот за културата

(„Службен весник на Република Македонија“, бр. 31/98, 49/03, 82/05 и 24/07),


Министерството за култура распишува

КОНКУРС
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС
ВО КУЛТУРАТА ЗА 2011 ГОДИНА

I. Општи информации

За остварување на националниот интерес во културата, Министерството за


култура во 2011 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за
поддршка на проекти од национален интерес од следниве области:

1. Заштита на недвижно културно наследство

2. Заштита на движно културно наследство:

- Библиотечна дејност;

- Музејска дејност;

- Заштита на аудиовизуелни добра.

3. Заштита на духовно културно наследство

4. Издавачка дејност и литература

5. Фестивали и манифестации од областа на културата

6. Музичка и музичко-сценска дејност и фолклор

7. Драмска дејност

8. Ликовна уметност и галериска дејност

9. Меѓународна културна соработка

10. Инвестициско и техничко одржување на објектите и на опремата за културата во


државна сопственост

При распределба на средствата од Буџетот на Република Македонија за поддршка


на проекти од национален интерес ќе се води сметка за создавање еднакви услови за
афирмација и унапредување на културата на заедниците во Република Македонија и
создавање поволни услови за поттикнување и помагање на работата на здруженијата и
фондациите во областа на културата.
Проектите пријавени на Конкурсот за да бидат поддржани од Министерството за
култура, како проекти од национален интерес за културата на Република Македонија,
потребно е да исполнуваат најмалку еден од општите критериуми во согласност со член
3 и најмалку еден од посебните критериуми по одделни дејности и области во културата
во согласност со член 4 од Правилникот за критериумите за финансирање на програмите,
односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република
Македонија“, бр. 61/2004). Правилникот ќе биде објавен на веб-локацијата на
Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).

II. Право на учество

На Конкурсот може да учествуваат: уметници, самостојни уметници, приватни


установи, локални установи, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички
лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и
другите позитивни законски прописи во Република Македонија.

III. Начин и рок за поднесување на пријавите

Пријавувањето на проектите се врши со доставување на пополнетa пријава.


Пријавите, одделно за секоја област наведена во точката I од овој конкурс, ќе бидат
објавени на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk) со денот
на објавувањето на овој конкурс.

Пријавите треба да се достават до Министерството за култура преку пошта на


адреса ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61 или со предавање во писарницата на Mинистерството
најдоцна до 16 часот последниот ден од Конкурсот. Материјалите доставени со пријавите
на Конкурсот не се враќаат. Пријавите доставени по истекот на рокот на Конкурсот нема
да бидат разгледувани.

Конкурсот трае 30 дена од денот на објавувањето, а за Издавачката дејност и


литературата трае 90 дена од денот на неговото објавување.

IV. Известување за резултатите од Конкурсот

Проектите поддржани на овој конкурс ќе бидат составен дел од Годишната


програма на Министерството за култура за финансирање програми и проекти од
национален интерес во културата за 2011 година, која министерот за култура ќе ја донесе
најдоцна петнаесет дена од денот на донесувањето на Буџетот на Република Македонија.
Годишната програма ќе биде објавена во средствата за јавно информирање и на веб-
локацијата на Министерството во согласност со член 65 од Законот за културата. Со
објавување на Годишната програма се смета дека учесниците на овој конкурс се
известени за резултатите.

За реализација на прифатените проекти на Конкурсот, што ќе бидат составен дел обј З ж цн


V. Дополнителни информации

Дополнителни информации во врска со Конкурсот може да се добијат кај


одговорното лице за секоја соодветна дејност, односно област во Министерството за
култура на телефонот наведен во пријавата.

За финансирање проекти од филмската продукција што се од национален интерес


Конкурс ќе објави НУ Филмски фонд на РМ во согласност со Законот за филмски фонд на
РМ („Службен весник на РМ“, бр. 70/2006).

МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

You might also like