You are on page 1of 4

ИНДЕКС НА БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ 2010– МАКЕДОНИЈА

РЕЗИМЕ
Резултатите за 92-те прашања од истражувањето за Отворени буџети се користат
за да се рангираат 94 земји од светот во однос на нивната транспарентност во
буџетскиот процес. Овие резултати го сочинуваат Индексот на буџетска
транспарентност (Open budget index).

Резултатот на Македонија за 2010 е 49 проценти од можни 100% транспарентност,


што е повисоко од просечниот резултат кој е 42% за 92те земји кои беа
истражувани. Меѓутоа овој резултат е понизок од просекот на резултати на сите 5
земји истражувани на Балканот. Највисок резултат има Словенија и тоа со 70%
буџетска транспарентност.

Резултатот на Македонија покажува дека Владата и обезбедува на


јавноста некои информации во врска со централниот владин буџет и
финансиските активности во текот на буџетската година. Тоа не им
помага туку напротив претставува предизвик за граѓаните да ја
држат Владата одговорна за управувањето со јавните пари.

Како споредба, резултатот на Македонија во 2008 година бил 54, а во


2010 е 49 што покажува значително опаѓање.
Информации за јавните буџетски документи
Адекватност и пристапност до 8 клучни буџетски документи

Документ Оценка* Објавено


Пред буџетска изјава Е Не е прозиведена
Предлог буџет на Владата C Објавено
Одобрен Буџет B Објавено
Граѓански буџет E Не е прозиведен
Годишен извештај B Објавено
Квартален извештај E Објавено
Извештај на крај на година D Објавено

Ревизорски извештај A Објавено

* Оценките за сеопфатност и достапност на информациите дадени во секој документ се


пресметани од просечните оценки добиени на подпрашања од анкетата на ИБТ. Просечна
оценка помеѓу 0-20 (груби информации) е оценето како Е, 21-40 (минимално) е оценето
како D; 41-60 (некои) е оценето како C, 61-80 (значителен) е оценето како Б; и 81-100
(детално) е оценето како А.

Предлог буџет на Владата преставува нејзин најважен политички инструмент. Тој


ги презентира начините на кои Владата ќе остварува приходи и како ќе ги
распределува парите, а со тоа трансформирање на целите на политиката во
акција. Во Македонија Предлог буџетот на Владата и придружните буџетски
документи не се сеопфатни и јасни. Големите пропусти се наоѓаат во следниве
области:

* Предлогот буџетот и придружните документи имаат недостаток на информации


за резултатите и исходите. Оваа информација е особено важна за оние кои се
заинтересирани за следење на влијанието на буџетот.

* Предлогот, исто така нема информации за одредени фискални активности кои


можат да имаат големо влијание врз способноста на владата да ги исполни своите
фискални и политички цели, вклучувајќи и информации за вонбуџетските
фондови, квази-фискални активности, даночни трошоци, непредвидени и идни
обврски, како и финансиски и други средства. Без овие информации, јавноста не
ја знае точно владината фискална позиција.

Пред-буџетска изјава поставува широки параметри кои ќе го дефинираат


претстојниот буџет на Владата. Македонија не произведува пред-буџетска изјава.

Донесениот Буџет станува закон во земјата и обезбедува основната информација


за сите буџетски анализи спроведени во текот на буџетската година. Во општи
црти, донесениот буџет треба да обезбеди податоци за јавноста кои можат да ги
користат за да ги проценат владините цели и да ја држат одговорна за
истите. Македонија објавува прилично сеопфатен буџет.
Граѓански буџет е нетехничка презентација на буџетот на Владата која е наменета
да и овозможи на јавноста - вклучувајќи ги и оние кои не се запознаени со јавните
финансии - да се разберат плановите на Владата. Македонија не произведува
Граѓански буџет.

Годишниот извештај дава слика за ефектите од буџетот во текот на една


буџетска година. Тие дозволуваат споредба со донесениот Буџет и можат да ги
олеснат прилагодувањата. Македонија објавува детални годишни извештаи.

Кварталниот извештај обезбедува  сеопфатен преглед на ефектите на буџетот во


средината на буџетската година и ја дава можноста да се дискутира за какви било
промени во економските претпоставки кои влијаат на политиките од одобрениот
буџет. Информациите во овој извештај, им овозможува на владата, законодавната
власт, и јавноста да утврдат дали треба да се направат корекции во врска со
приходите, расходите, и дали треба Владата да се задолжи до крајот на
буџетската година. Македонија го објавува кварталниот извештај на средината на
годината , но има сериозни недостатоци.

Крајниот годишен извештај го  споредува  актуелното извршување на Буџетот со


донесениот Буџет. Крајниот годишен извештај може да ги информира креаторите
на политики за даноците, долговите како и приоритетите за трошоци. Со ова ќе се
олесни прилагодувањето на Буџетот за претстојните буџетски години. Годишниот
извештај што Македонија го издава е далеку од исцрпен.

Ревизорски извештај, е оцена на сметките на владата од страна на Државниот завод


за Ревизија (ДЗР). Тие извештаи покажуваат дали владата ги зголемиле приходите и
дали ги троши националните приходи во согласност со овластениот буџет, дали
книговодството на владата е балансирано и прецизно, и дали има проблеми во
управувањето со јавните средства. Македонија обајвува сеопфатен ревизорски
извештај.

Учество на јавноста и институциите кои обезбедуваат


отчетност
Отворен буџетски систем вклучува и обезбедување на постоење на силен
законодавен дом и Државен завод за ревизија (ДЗР) кои ќе обезбедат ефикасен
надзор на буџетското работење, како и давање на можност на јавноста да
учествува во буџетскиот процес.

Дали надзорните органи се ефикасни во нивната буџетска улога?


Надзорен орган Улога*

Законоднавно тело Умерена

Државен завод за ревизија Силна

* Улогите на закодавното тело и ДЗР е пресметани од просечните резултати добиени за


подпрашања од ОБИ. Просечна оценка меѓу 0-33 е оценета како слаба, 34-66 како
умерено, и 67-100 како силна.
Според ОБИ за 2010 година, надзорот на буџетот од страна на
законодавниот дом на Република Македонија може да се
подобри, на пример со одржување на дебати за Буџетот каде
може да учествува и јавноста. Според ОБИ, Македонија има
силна ДЗР. Меѓутоа, извршната власт не известува за чекорите
што ги презема за решавање на наодите од ревизијата.

Препораки
Македонија треба:
Да започне да произведува и издава Пред-буџетска изјава и
Граѓански буџет;
Да ја зголеми сеопфатноста на предлог буџетот на Владата,
Кварталниот извештај и Крајниот годишен извештај;
Да обезбеди повеќе можности за да може јавноста да
учестува во буџетските расправи во Собранието.

ИНДЕКС НА БУЏЕТСКА
ТРАНСПАРЕНТНОСТ 2010
Mакедонија

Меѓународното партнерство за буџет- Индекс на буџетска


транспарентност ја оценува пристапноста до осум буџетски
документи, како и сеопфатноста на информациите кои се
содржани во истите во секоја од земјите учеснички.

Истражувањето, исто така, го испитува степенот на


ефективен надзор од страна на законодавното тело и
Државниот завод за ревизија (ДЗР), како и можностите кои
и се на располагање на јавноста за да учествува во
процесите на донесување на државниот буџет

Истражувањето за ИБТ- Македонија го спроведе:

Марија Ристеска

Центар за истражување и креирање политики- ЦИКП

Ул. Цицо Поповиќ бр.6-2/9, 1000 Скопје

0038923109932

You might also like