You are on page 1of 30

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

СТОП
ЗА СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ
Проектот е финансиран од Европската Унија И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ
Скопје, Декември 2010
Оваа стратегија е производ на:
Центарот за истражување и креирање политики и Државната изборна комисија

Стратегијата е производ на Проектот “Мој глас - моја одлука” спроведен од страна на


Центарот за истражување и креирање политики во партнерство со Женската граѓанска
иницијатива АНТИКО, а поддржан од Европскиот инструмент за демократија и човекови
права на Европската Комисија

Проектен координатор:
Др. Марија Ристеска
Мр. Сања Врбек

Асистент:
Мр. Башким Бакиу

Аналитичар:
Мр. Ана Мицковска Ралева

Одговорен за комуникации:
Ристе Змејкоски

Голема благодарност до сите учесници во консултативниот процес на подготовка на


Стратегијата. Имињата на институциите се наоѓаат во Прилогот на Стратегијата.

Техничка подготовка: Стефан Николовски | stefannikolovski@yahoo.com

Издава:

Центар за истражување и креирање политики


Ул: Цицо Поповиќ 6-2/9 1000, Скопје
Тел/факс +389 3109932
www.crpm.org.mk | crpm@crpm.org.mk
СОДРЖИНА

1 Вовед 1
1.1. Причини за донесување на Стратегијата против семејно гласање и 1
гласање во име на друг
1.2 Цел на стратегијата 5

2 Анализа на состојбата 6
2.1 Претходни активности 6
2.2 Идентификувани проблеми 7
2.3 Фактори на влијание 9
2.4 Целни групи 15

3 Платформа за акција за совладување на проблемот на семејно и 17


гласање во име на друг

4 Прилог
Листа на присутни институции на консултативната средба

“Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на оваа публикација е


единствена одговорност на Центарот за истражување и креирање на политики и на никаков начин
не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.“
Стратегија против семејно гласање и гласање во име на друг

1
ВОВЕД

1.1. Причини за донесување на Стратегијата против семејно
гласање и гласање во име на друг

Семејното и гласањето во име на друг се негативни карактеристики на


изборниот процес во Македонија од 1998, кога прв пат беа регистрирани. Овие појави го
поткопуваат демократскиот капацитет на земјата, и го оневозможуваат спроведувањето
на изборите според демократските и меѓународните стандарди.

Државната изборна комисија (понатаму: ДИК) го препознава овој проблем како


прашање од огромна важност кое треба да се трeтира соодветно и ефикасно, со крајна
цел негово искоренување. Моменталната состојба оневозможува слободно уживање
на изборните права на одредена категорија граѓани (главно маргинализирани жени
кои живеат во руралните средини од западна Македонија), што негативно се одразува
на нивниот еднаков статус, како и непреченото остварување на нивните граѓански и
демократски права.

Во моментов не постои стратегија која би поставила јасна, дефинирана рамка за


третирање на овој проблем. Единствените мерки досега превземени беа од страна на
странските донатори во соработка со надлежните институции.

За да ја наметне својата лидерска позиција во справувањето со проблемот и да


овозможи суштинска одржливост на мерките кои се превземаат во оваа област, ДИК
пристапи кон подготовка на Национална стратегија против семејно и гласање во име на
друг1, која има за цел да овозможи конзистентна рамка на сите владини и донаторски
проекти кои имаат за цел решавање на проблемот на семејно гласање и гласање во име
на друг.

Националната стретегија е подготвена во рамки на транспарентен и


партиципативен процес, притоа целејќи кон активна вклученост на сите релевантни
1 Националната стратегија против семејно и гласање во име на друг произлезе од проектот ’„Мојот глас-Моја
одлука“ стоп за семејното и гласање во име на друг’ финансиран од Европската Комисија преку Инструментот
за демократија и човекови права (EIDHR), во партнерство на Центарот за истражување и креирање политики со
женската граѓанска иницијатива-АНТИКО и Државната Изборна Комисија (ДИК).

4
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг

чинители во нејзината изработка и интегрирање на сите аспекти и фактори кои го


предизвикуваат проблемот.


1.2. Цел на стратегијата

Стратегијата против семејно и гласање во име на друг е сеопфатен документ


кој ја изразува севкупната политика на ДИК за надминување на овој проблем. Таа се
надоврзува и учи од искуството на проектите кои претходно биле реализирани во оваа
област.

Стратегијата има за цел да обезбеди рамка на континуирани активности кои


ќе бидат реализирани индиректно или директно од страна на сите засегнати страни и
соодветно да одговорат на причините на овој проблем во периодот 2010-2012 година,
т.е. до следните редовни парламентарни избори. Оттаму, Стратегијата одговара на
очекувањата според кои на проблемот за семејно и гласање во име на друг треба да се
работи во континуитет, многу пред пред изборниот циклус.

Стратегијата против семејно гласање и гласање во име на друг ги промовира


следниве вредности:

Партиципативност која се олицетворува во влученоста на сите заинтересирани


страни во процесот на изработка, донесување и спроведување на Стратегијата;

Еднакви можности за сите луѓе (мажи и жени) во слободно остварување на


гласачките права;

Одржливост, односно долгорочност и континуитет во процесот на справување


со проблемот на семејно гласање и гласање во име на друг;

Лидерство препознаено во улогата на ДИК како водач и координатор на


процесот на подготовка и спроведување на Стратегијата со која се влијае и мотивира
сите заинтересирани страни да придонесат кон ефективноста и успехот на Стратегијата

Оваа стратегија има три специфични цели:

1. Да обезбеди детална анализа на состојбата на факторите кои влијаат на


појавата на проблемот, како и на не/успехот од досегашните активности за
совладување на истиот.
2. Да понуди платформа за акција за совладување на проблемот. Платформата
за акција е всушност акцискиот план кој предвидува активности, очекувани
резултати и влијание кое ќе се постигне со спроведувањето на активностите.
Акцискиот план не е само листа на желби туку конкретна агенда на остварливи
активности кои нема да ги спроведува само ДИК. При остварувањето, ДИК ќе
биде одговорна за координацијата на активностите предвидени со акцискиот
план, ќе биде задолжена да го следи и вреднува спроведувањето како и
да предложи ревидирање на акцискиот план секоја година, врз основа на
податоците добиени од следењето и вреднувањето на спроведувањето.
3. Да служи како платформа за соработка со различните засегнати страни
кои ќе се јават како партнери на ДИК во спроведувањето на Стратегијата.

5
Стратегија против семејно гласање и гласање во име на друг

2
АНАЛИЗА НА СОСТОЈБАТА

Македонија подолго време не може да се ослободи од негативните оценки за


изборните циклуси од аспект на овозможување на тајно и слободно гласање во одредени
изборни единици. Ова е редовно регистрирано во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР2, од
страна на мисиите за следење на парлементарните избори на Советот на Европа, како
и во меѓународните извештаи кои се однесуваат на статусот на жените. 3

Семејното гласање и гласањето во име на друг како феномен стана воочлив


во почетокот на ’90-те години од минатиот век, како негативна карактеристика на
новонастанатите демократии од Централна и Источна Европа 4, исправени пред големиот
предизвик на промена на комунистичкиот режим со плурална либерална демократија.

Стратегијата ја користи дефиницијата на Советот на Европа за семејно гласање


и гласање во име на друг. “Поимот семејно гласање се однесува на праксата на мажите
од фамилијата да влијаат на другите членови од семејството, посебно на жените, во
нивната одлука како и во која насока треба да гласаат. Семејното гласање се појавува
на три начини од кои последниот е гласање во име на друг: кога машкиот член на
семејството придружува една од повеќето женски роднини зад гласачкиот параван
станува збор за групно гласање; појавата на семејни групи кои гласаат заедно на
отворено се нарекува отворено гласање; појавата кога маж, член на семејството,
зема гласачки ливчиња во име на друг член од семејството, првенствено во име на
женски роднини, и ги заокружува како му одговара се нарекува гласање во име на
друг.”


2 Statement of preliminary findings and conclusions, The former Yugoslav Republic of Macedonia Presidential and Mu-
nicipal Elections, First Round - 22 March 2009, International election observation mission ; Statement of preliminary
findings and conclusions, Election Observation Mission The former Yugoslav Republic of Macedonia Presidential and
Municipal Elections, Second Round, 5 April 2009; итн.
3 Комисија на Обединетите Нации за елиминација на дискиминацијата на жените, „Заклучни коментари на
Комисијата за елиминација на дискриминацијата на жените: Поранешна Југословенска Република Македонија“,
3 февруари 2006 година.
4 Consolidated response on the prevention of family voting, International knowledge network of women in politics

6
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг

2.1. Претходни активности

Во текот на изминатите 7 години беше утврдено дека биле спроведени околу 15


проекти чија цел (меѓу другото) било спрaвување со проблемот на семејно гласање и
гласање за друг. Активностите директно допреле до околу 100.000 лица преку едукативни
работилници, фокус групи, директен пристап врата-на-врата и слично. Речиси сите
проекти вклучуваат и индиректен пристап до целната група преку спроведување на
кампања за подигање на свесноста за проблемот, најчесто преку информативни летоци,
меѓутоа и преку покомплексни активности како содржини пренесувани од масовните
медиуми (телевизски и радио спотови). Сепак, конечниот број на граѓани до кои допреле
пораките од промотивните активности не може да биде утврден затоа што таква
евалуација на влијание на активностите не била спроведена.

Со ваквите проекти, најчесто опфатени се регионите во западниот дел на


Македонија (Тетово, Теарце, Желино, Дебар, Ростуше, Струга и други), каде што
проблемот на семејно гласање е и најзастапен според податоците од граѓанската
асоцијација МОСТ и ДИК. Сепак, дел од активностите се спроведувани и во источните
региони (на пример Свети Николе), иако во истите досега официјално не се регистрирани
појави на семејно гласање.

Последниот проект: „Јас имам право да гласам - граѓанско образование за жени


и деца“ и „Еден гласач- еден глас“ спроведуван од страна на УНДП во периодот 2007-
2009 година имаше за цел: (i) Да го постави прашањето на семејно и гласање во име на
друг на политичката агенда преку серија на семинари на високо ниво со релевантните
чинители; (ii) Да го подигне капацитетот на надлежните институции кои работат на
изборите како и другите актери кои влијаат на процесот; (iii) Да ја подигне свеста на
гласачите.

Од прегледот на проекти кои биле реализирани во изминатите 7 години, а биле


насочени кон искоренување на проблемот може да се забележи дека акцентот се ставал
на подигнување на свеста и работа со маргинализираните групи кои може да се јават
како потенцијални жртви на семејно гласање. Притоа темата семејно и гласање во име
на друг вообичаено се покренува во периодите пред избори, кога се добива релативно
добар одзив во јавноста. Активностите на УНДП беа успешни, особено во делот на
поставување на прашањето на политичката агенда и негово актуелизирање.
Недостатоците на проектите кои беа реализирани во изминативе години во оваа област
се планира да се надминат со предлог активностите кои се предвидени во Стратегијата,
а се однесуваат главно на: (i) ограничениот опфат на политичките партии како
фактори/поттикнувачи кои влијаат на појавата на семејно и гласање во име на друг;
(ii) воведување на содржини поврзани со избирачките права во рамки на
граѓанското образование во средните училишта; (iii) како и засилување на
санкциите.

2.2 Идентификувани проблеми

Активностите кои се спроведени најчесто подразбираат директен пристап до


целната група, придружен со кампањи за подигање на јавна свест преку делење на

7
Стратегија против семејно гласање и гласање во име на друг

промотивни материјали и сл. Сепак, вообичаено не се спроведува систематска


евалуација на ефектите на активностите. Постигнатите резултати се дадени или во
техничка форма (на пр. информирани ХХ жени за нивните гласачки права, поделени
ХХ летоци и сл.) или пак произволно (на пр. жените се посвесни за нивните права како
гласачи), без истите да бидат измерени и да биде проценето влијанието на конкретните
активности. Не е правена пред и пост-евалуација за да се утврди со поголема сигурност
какви се ефектите на програмата.

Друг проблем на кој се наидува е интересот од страна на медиумите.


Најчесто кампањите за подигање на јавна свест се прифатени од страна на медиумите
(и се емитуваат без потреба од финансиски надомест) во периодот непосредно пред
изборите, додека темата не се смета за интересна во периоди кога нема најави за
избори, иако континуираното известување и промовирање на темата е значајно за
промена на свеста.

Она што чeстопати се смета за потешкотија при реализација на активностите и


следење на ефектите е неусогласеното делување на институциите на системот во
поглед на проблемот, како и честото ставање на оваа тема во втор план и непосветување
на доволно внимание на поактивно справување со истата.

Исто така, проблемите на пристапување до маргинализираните групи


на жени се нагласуваат како значаен фактор, па не е секогаш познато колку лицата кои
се опфатени се навистина припадници на најкритичната целна група.

Информативните материјали кои се делат во вид на летоци или испечатени


пораки на предмети честопати се во пишана форма што не оди во прилог на лицата кои
се неписмени, а кои во голем број се жртви на овој проблем. Исто така, тие вообичаено
им се обраќаат првенствено на жените, со што повторно улогата на мажите во
создавањето на проблемот е занемарена.

Имајќи предвид дека со активностите најчесто се опфатени руралните


региони, впечатокот е дека се изоставени урбаните средини каде живеат лица од
маргинализирани групи (на пример Ромите), како и оние каде се забележува гласање
во име на друг под притисок на политички партии.

Политичките партии, иако се дефинирани како еден од главните причинители


на проблемот, не се опфатени со проектите за спречување на семејното и гласањето во
име на друг. Освен со Кодексот за фер и демократски избори кој го потпишуваат партиите
пред секои избори, седумпати по ред, а кој го осудува семејното гласање и гласањето
во име на друг; во изминатиов период се пристапуваше и до жени парламентарки и
проблемот се разгледуваше како првенствено женски проблем. Притоа не се спроведени
активности за вклучување на повисоки инстанци од партиите за негово решавање.
Треба да се потенцира уште еден недостаток на овие проекти, а тоа е дека учеството на
жените парламентарки беше ограничено со форматот на форуми за дискусија на високо
ниво, што немаше допир до маргинализираните групи и потенцијалните „жтртви“ на
семејно или гласање во име на друг. Позицијата и авторитетот на жените парламентарки,
како позитивен пример на успех на жените, не беше воопшто искористена во делот на
пренесување на пораката до маргинализираните жени во руралните средини.

8
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг


Кога станува збор за директен пристап до целните групи, времетраењето на
активностите кои земаат форма на тренинзи или форуми, најчесто е прилично кусо и не
трае повеќе од 1 ден, што не е доволно за да се постигнат сериозни цели како на пример
менување на свеста на лицата опфатени со програмата. Од друга страна, медиумските
кампањи кои донекаде служат за континуирано покренување на важноста на темата,
не е познато колку се следени од страна на целната група и уште поважно-на кој начин
се разбрани. Дополнително, комплетното времетраење на проектите е релативно
кусо со што се оневозможува постигнување на поголеми ефекти, како и обезбедување
на доволно време за проценка на влијанието.

Она што е забележливо се недоволно превземените активности за одржливост


на проектите, т.е. вклучување на активностите во програмите на држвните институции и
изостанувањето на конкретни механизми за следење на напредокот. Затоа, препорачливо
е понатамошно работење во соработка со соодветните институции и обезбедување на
буџетски средства за постојани обуки, подигнување на јавната свест и вклучување на
поголем број институции во работа на проблемот.

2.3 Фактори на влијание

Појавата семејно гласање и гласање во име на друг честопати се припишува


на пост-конфликтни општества кои се поделени по етнички, регионални или социјални
разлики. Во еден таков контекст повеќето припадници на една група гласаат за кандидат
од својата заедница/група со цел заштита од „другите“. Вообичаено, во руралните средини
во таквите општества угледен претставник на групата кој ужива поддршка и углед меѓу
„своите“ одлучува кој кандидат да биде подржан од граѓаните во тоа место, и притоа
семејното гласaње и гласањето во име на друг е сигурната алатка за испорачување на
изборна поддршка. Во оваа насока се смета дека притисокот врз заедницата да биде
покомпактна е посилен од перцепцијата и тоа какво значење за нив има „тајноста“ на
процесот на гласање. На ова се надоврзува и проблемот со ниското ниво на внатрешна
демократија во политичките партии, кои се и главен генератор на проблемот. Имено,
колку е помала партиската хиреархија, толку помалку се очекува локалните моќници да
се докажуваат пред лидерите со бројот на гласови кои ги добиле во своите средини.

Во случајот на Македонија можеме да ги препознаеме повеќето погоре


споменати фактори, почнувајќи од длабоко поделеното општество по етнички линии
што е пресликано и на политичката сцена, патријархалните рурални средини каде
незавидната социоекономска позиција на жените ги става во подредена положба во
однос на мажите, како и дефицитот на демократија во рамки на политичките партии
чија зеаедничка карактеристика е силниот лидер кој ја практикува власта со строги
директиви, еднонасочно „од горе надолу“.

Табелата во продолжение ја отсликува точната слика на факторите кои влијаат на


проблемот семејно гласање и досега превземените активности за неговото спречување
и искоренување.

9
Стратегија против семејно гласање и гласање во име на друг

Можни мерки за
Фактор:5 Моментална состојба во Македонија
подобрување:6

Реформа на изборното Генералната оценка за изборното


Легислативна изборна рамка, која оневозможува силни и соодветни заштитни механизми со цел

законодавство во насока законодавство во Македонија е


на зајакнување на дека општо гледано е солидно
механизмите за тајноста од аспект на гарантирање на
и неприкосновеноста на тајноста и неприкосновеноста на
спречување на семејното гласање, како и други повреди на изборниот процес.

гласањето; воведување гласањето (чл.3; чл.40; чл.273 од


на законски одредби кои Кривичниот законик итн.). Главниот
го регулираат пристапот проблем е препознаен во ефикасна
во изборните места и имплементација на законот во овој
одредби кои регулираат дел. 7
дека гласањето е лично и Со чл. 107 е изрично забрането
дека само еден гласач смее гласање за друго лице (освен во
да биде зад гласачкиот исклучоците предвидени со закон
параван; строго да се чл.112).
забрани „отворено гласање“; Со чл. 108 е јасно утврдено дека
да бидат воспоставени избирачите пристапуваат да гласаат
лесно спроведливи санкции еден по еден.
за прекршителите кои Наводите за злоупотреба со мобилни
практикуваат семејно телефони и камери беа причина ДИК8
гласање, отворено гласање, да го забрани нивното користење
и сите други активности со во избирачко место на последните
кои се нарушува тајноста избори 2009. Сепак тешко е да се
на гласањето или се прави следи успешноста на имплеменатција
обид на било каков начин на ова упатство.9
да се влијае на одлуката Со Кривичниот законик (чл.160; 161;
на гласачот; да се обучи 163) и Изборниот законик (чл.191)
изборната администарција се предвидени казнени односно
да ги спроведуваат новите прекршочни одредби за семејното
процедури итн. гласање и гласањето во име на друг.
Главен проблем во овој дел е
неефикасното спроведување на
санкциите. Како една од причините
за неефикасно спроведување
на санкциите се наведува и
непропорционалноста на казните со
тежината на делото, што честопати ги
одвраќа судиите да изречат казна во
ваквите случаи. Меѓутоа, честопати
прстот е вперен и во избирачките
одбори како главни виновници,
поради несоодветно реагирање и
постапување во ситуација кога е
нарушена тајноста на гласањето.

10
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг

Фактор: Можни мерки за подобрување: Моментална состојба во Македонија


претставници на изборните органи; овозможување непречена повреда на принципот на тајност

Подобрување на изборните Во моментот, работна група при


на гласањето, личното гласање, како и принципот на слобода на избор, поради фактот што е
невозможно да се обезбеди соодетна и правилна имплементација на изборните процедури.

процедури, јасно дефинирање Министерството за правда составена


Слаба имплементација на постоечките норми од страна на изборните органи; необучени

на забранетите и казниви од претставници на Министерството и


дела, јасно дефинирање на експерти од изборната проблематика
влезот во изборните места, работат на подготовка на амандмани
издавање едно гласачко ливче на изборниот законик, кои меѓу
на еден гласач, дозволен другото ќе овозможат и зацврстување
пристап до гласачки параван на механизмите за гаранција на
само на едно лице за време тајноста и неприкосновеноста на
на неговото/нејзиното гласањето.
гласање. Унапредување
на професионализмот на Во рамки на УНДП програмата „Еден
изборната администарција глас - еден гласач“ беа спроведени
преку спроведување на обуки за изборната администрација.
тренинзи и активности за
подигање на капцитетот.
Изработка на информативни
материјали за изборната
администарција со цел нивна
дистрибуција на изборните
места со што ќе се прати јасн
порака кои дела се забранети
и казниви со закон; изработка
на постери/налепници
кои ќе бидат поставени на
избирачките места на кои ќе
стои “еден по еден гласач ќе
биде услужен “ и постери/
налепници на избирачките
паравани на кои ќе биде
назначено “само еден гласач
може да биде присутен во
гласачката кабина”.

11
Стратегија против семејно гласање и гласање во име на друг

Фактор: Можни мерки за подобрување: Моментална состојба во Македонија

Спроведување на голема Од 2002 до денес (со особена


едукативна кампања со концентрација на активности во
широк дострел до јавноста, периодот 2008-2009) се спроведени
која ќе користи алатки за неколку кампањи за подигање на
Недостаток на свест кај ранливите групи кои го сочинуваат електоратот во однос

да допре и до неписмените свеста на маргинализираните групи,


гласачи, како на пример главно жени од руралните средини,
на принципите и правата за тајност на гласањето и слобода на избор.

преку радио, телевизија и каде било забележано семејно и


слично. Притоа, потребно е гласање во име на друг. Тешко е да
да се пренесе пораката дека се проценат ефектите од кампањите,
никој не смее да влијае на но сепак генерално може да се укаже
начинот на кој некој ќе гласа, на неколку карактеристики, а тоа е
и да се употребат јасни, дека кампањите биле во голема мерка
директни и убедливи слогани насочени кон женската популација,
како „вашата одлука е само додека мажите како значаен фактор
ваша; вашиот глас е таен; биле запоставени во пристапот,
никој нема да дознае како и дека досегот на кампањите
сте гласале; може да гласате имал поограничен импакт до
само лично; во одредено најмаргинализираните жени и мажи,
време само на еден гласач најзасегнати од овој проблем.
му е дозволено да влезе во Квалитативна евалуација на досега
гласачкиот параван; и дека спроведените кампањи, во смисла
вашиот глас е, ваш избор, а не на оценка на промена на нивото на
на вашиот сопруг“. свесност недостасува.

12
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг

Фактор:
Политичките партии како значаен поттикнувач на овој проблем Можни мерки за подобрување: Моментална состојба во Македонија

Искористување на Повеќето од политичките партии


легитимитетот што имаат процедури кои ги регулираат
политичките партии го имаат внатрешните демократски процеси.
во насока на искоренувањето Сепак доминантна улога во партиите
на проблемот. Решенијата имаат претседателите. Учеството
се гледаат во стимулирање на мажите во однос на жените во
на поголема внатрешна политиката и раководството на
демократија во партиите како партиите е сеуште небалансирано.
процес и сензитивизирање на Постои тренд на зголемување на
истите од аспект на родовите улогата на жените во повеќето
прашања. Особено значајна парламентарни партии. Кај повеќето
во овој дел ќе биде улогата од нив може да се забележи дека
на жените кои успеале во назначиле жени за координатори
политиката, кои треба да на пратеничките групи. Забележано
пренесат позитивен пример и е учество на жени пратенички во
да ја потикнат самодовербата кампањи за поддигнување на свеста
на жените гласачи. на гласачите во однос на проблемот
на семејно гласање и гласање во име
на друг.
Сепак, досега партиите колективно не
превзеле активности за искоренување
на проблемот на семејно гласање и
гласање во име на друг.

13
Стратегија против семејно гласање и гласање во име на друг

Фактор: Можни мерки за подобрување: Моментална состојба во Македонија

Континуирана едукација за Едукација за демократските


Ниска свест кај граѓаните воопшто за своите

демократските вредности, вредности, поконкретно за значењето


поконкретно за значењето на на изборите за едно демократско
изборите за едно демократско општество е започната. Невладини
општество е потребна. организации со финансиска поддршка
Влијанието врз најмладите, на ЕУ и други донатори спроведуваат
учениците, е најефективен активности.
избирачки права

начин за постигнување на
Воведување на избирачките права
долгорочни резултати. Со
како содржина на наставните
зголемување на степенот
програми во основно и средно
на едукација воопшто, а
образование може да доведе кон
особено за избирачките права
креирање на средина која систематски
се очекува да се влијае на
недозволува влијанија врз правото на
целосно искоренување на
глас на поедини индивидуи.
проблемот. Истражувањата
покажа дека врз образовани
жени обидите за влијание
на нивното избирачко право
е намалено или воопшто не
постои.

Она што можеби беше најпроблематично во досегашниот пристап е што истиот


беше воден од странските донатори и НВО секторот, со формална вклученост на
надлежните институции, без нивно суштинско влијание на процесот. ДИК препознава
дека за успешни резултати потребно е да се промени начинот на размислување и да
постои свесност на страна на државните институции како носители на промените.
Промените можат да се постигнат само во соработка на државните институции со
донаторите, НВО секторот и политичките партии.

Врз основа на досегашните анализи на факторите кои влијаат на и активности,


ДИК ги дефинираше крајните корисници на Националната стратегија против семејно
гласање и гласање во име на друг.

5 Овие фактори се основани на следнов документ Family and proxy voting in Macedonia; ACE project, The electoral
knowledge network, last visited on 18.05.2010 http://aceproject.org/electoral-advice/archive/questions/replies/77098994
6 Ибид.
7 Consolidated response on the prevention of family voting, International knowledge network of women in politics.
8 У П А Т С Т В О за гласање, Државна изборна комисија;
http://www.sec.mk/images/upatstva_pravilnici/UPATSVO_ZA_GLASANJE-06.03.2009.pdf
9 Проф. Гордана Силјановска, Виктор Улом, Сабит Кранли, Вања Шкориќ; Коментар на изборнит законик;
Граѓанска асоцијација МОСТ; 2009; стр.152.

14
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг

2.4. Целни групи

Изборната администрација ќе биде соодветно обучена во однос


на правата и обврските за време на изборниот процес, како
и во однос на механизмите за заштита на неприкосновеноста
и тајноста на гласањето. Оттука, досегашните материјали
1. Изборна наменети за обука ќе бидат искоритени, меѓутоа претходно
администрација соодветно прилагодени за попрактично ја доближат
теоријата до изборната администрација, преку симулации и
вежби паралелно со теоретски пристап.

Со политичките партии во еден дел ќе се работи на нивно


родово сензитивизирање од аспект на нивната поставеност,
структура и функционирање, додека во вториот сегмент
ќе се потикнат да бидат еден од главните фактори на
искоренување на овој проблем преку проактивна улога на
нивните членови кај својот електорат во насока на ширење
1. Политички на пораката против семејното гласање и гласање во име
партии на друг. Особено активна улога во вториот дел се очекува
од жените членови на политичките партии, кои би требало
да имаат досег до маргинализираните групи на жени преку
различен тип на активности од директни активности на
терен, до медиумски активности.

Учениците ќе бидат едуцирани за демократските вредности,


поконкретно за значењето на изборите за едно демократско
општество, како основа за превентивно дејствување против
смејното и гласањето во име ан друг. Темите како: принципи
на гласање, начинот како правилно се гласа, значењето на
2. Ученици регуларни избори за едно демократско општество, причини
и справување со притисоци за време на гласањето и
изборни нерегуларности е повеќе од неопходно да се вклучи
во наставната програма за средно образование, притоа
соодветно да се вклопи во веќе постоечките предмети.

Кампањи за подигање на свеста ќе бидат така организирани


за да допрат до најмаргинализираните групи. Значајно е што
кампањите нема да бидат насочени само кон жените, туку и
3. Маргинали- кон мажите како важен елемент на овој проблем. Кампањите
ќе бидат базирани на јасни насоки кои ќе произлезат од
зирани групи евалуацијата на досегашните активности, и врз основа
(мажи и жени) на научените лекции од успешните спроти неуспешните
пристапи. На овој начин, ќе се подигне нивото на кампањи
со што ќе се цели кон повидливи и поуспешни резултати.

15
Стратегија против семејно гласање и гласање во име на друг

Медиумите треба да бидат поактивни во однос на


пренесување на пораките против семејно гласање и во
периодот на избори, но и помеѓу изборните циклуси кога
4. Медиуми не е актуелно ова прашање. Во оваа насока медиумите
треба да имаат поактивна едукативна улога во пренесување
на пораката за потребата за негување на демократските
вредности, подигање на самодовербата на гласачите итн.

16
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг

3 ПЛАТФОРМА ЗА АКЦИЈА ЗА
СОВЛАДУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ НА
СЕМЕЈНО И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ

НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ПРОТИВ СЕМЕЈНО И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ

Цел >>> Обезбедување на сеопфатен и континуиран пристап на решавање


на проблемот на семејно гласање и гласање во име на друг, кој ќе донесе
ефикасни резултати во однос на сите опфатени целни групи кон кои е
насочен

Временска рамка >>> 2010-2012

17
Квалификувани
Очекувани резултати/ Индикатори за мерење
Проект Активности Целна група институции за
ефекти на успешно
имплеменатори
Демократизација 1. Анализа на внатрешната Политички партии Профитни и непро- 1.Воспоставување -Квалитет на стратешки
на политичките демократија во политичките фитни организации на принципи на документи од родов
партии партии (структура, одлучување, внатрешна демократија аспект, планови за
______________ претставување) Политички партии во политичките партии унапредување на
родовата рамноправност
Унапредување 2. Активности за реформа (НВО, Универзитети, 2.Подигање на во рамки на партиите
на родовата на актите кои внатрешно ги Консултантски куќи, свеста на ниво на
рамноправност уредуваат пол.партии на основа Политички фондации политичките партии за
-прифатени и
во рамки на на анализата и препораките за итн.) потребата од родово интегрирани препораки
политичките демократизација сензитивен пристап за интегрирање на
партии во начинот на нивно родовиот принцип
3. Родова анализа на политички функционирање
______________ партии (стратешки документи,
планови за унапредување на 2.Подигање на -број на учесници на
Активно учество родова еднаквост, проценка свеста на ниво на тренинзите (опфат на
на политичките родовата сензитивизираност на политичките партии мажи/жени)
партии во политичките партии) за поактивна улога во
искоренување насока на спречување -Квалитет на обуките
на проблемот 4. Родово сензитивен тренинг за на семејното гласање (внатрешни и
на семејно и политички партии надворешни евалуации
и гласање во име на
гласање во име (фокус и на машки и на женски на обуките)
друг (истакнување на
на друг. членови на политичките партии, -број и тип на теренски
опфат со тренингот на сите проблемот на трибини,
и медиумски активности
нивоа, особено на повисоките) во говори пред на претставници на
граѓаните и сл.) политички партии
5. Теренски и медиумски 3.Конкретни
активности на претставници активности превземени
од политичките партии
од страна на
за подигање на свеста за
сузбивање на семејното и политичките партии во
гласањето во име на друг, како насока на пренесување
и нивни односи со електоратот на пораката против
семејно гласање и
гласање во име на друг
6. Изработка и емитување на -позиција и пол на
видео во кое ќе се покажат претставниците на
успешни примери на жени во политичките партии
политика (од сите политички кои учетвувале
партии), со цел да се подигне во теренските
самодовербата кај жените и медиумските
гласачи. активности

(Видеото ќе даде осврт на -медиумска


причините за влез во политика, застапеност на
решавање на проблеми со видеото
кои жените се соочуваат, итн.
Видеото треба да е внимателно -квалитет на видето
подготвено при што клучно е да
се избегне партиска реклама, -јасно пренесена
партиски успеси, односно порака преку видеото
неуспеси на политичките
противници)
Квалификувани
Очекувани резултати/ Индикатори за
Проект Активности Целна група институции за
ефекти мерење на успешно
имплеменатори
Подигање 1. Тренинзи со маргинализирани Маргинализирани Непрофитни -опфатени -број на организирани
на свеста кај жени и мажи (посебно жени и мажи организиции најмаргинализирани тренинзи со жени и
маргинализираните трагетирани) од изборните слоеви на жени и мажи
Локални
групи граѓани - Тренинзи со жени. За единици мажи со кампањата -број на жени и мажи
институции
-жртви или придобивање на целната група каде било -зголемена свесност кои учествувале на
потенцијални треба да се користат теми ќе регистрирано за проблемот и тренинзите
жртви на семејното се промовира прашање од семејното и подобрено познавање -демографска
гласање и нивни интерес (како на пример: гласањето во на избирачките права структура на
гласањето во име здравствени прашања од интерес име на друг како
-значително учесниците на обуките
на друг на жените, грижа за деца итн.), а проблем
намалување на -квалитет на
притоа ќе се постават и теми за процентот на семејно тренинзите
дискусија поврзани со политички и гласање во име
и граѓански права и со посебен -промотивни
на друг на следните материјали поделени
фокус на изборни права и избори
обврски. -квалитет на
-Тренинзи за мажи, каде на промотивни
креативен начин преку состаноци материјали
на месни заедници, или во -број на изборни
организација на некои здруженија нерегуларности
(на пр. земјоделски, занаетчиски (семејно и гласање
итн.) ќе се организираат средби во име на друг) на
на кои ќе се дискутираат прво следните избори
теми од интерес за нив , по што
дискусијата ќе се насочи на
политички и граѓански права, со
посебен фокус на изборните права
и обврски и санкционирањето на
семејното гласање.
2. Теренски кампањи за подигање
на свеста, принцип од врата до
врата, соодветно изработени
промотивни материјали
Квалификувани
Очекувани резултати/ Индикатори за мерење
Проект Активности Целна група институции за
ефекти на успешно
имплеменатори
Подигање Тренинзи со изборната Изборна ДИК, во соработка -Соодветни материјали -квалитет на тренинг
на севста и администрација против семејно администрација со НВО-и, во однос на пристапот и материјали
создавање и гласање во име на друг кои ќе консултантски куќи јазикот со цел да бидат -изборна
на вештини имаат: и сл. прифатени и разбирливи администрација
за соодветно - Прилагодени тренинг од страна на изборната опфатена со тренингот
справување материјали, во насока на администрација
- број на претставници
на изборната поедноставен и поприфатлив -квалитетен и од кои политички
администрација јазик за изборната администрација (подолгорочен)тренинг партии
со изборните на цела изборна
нерегуларности - Фокус на практични вежби -ефект на тренингот
и симулации во рамки на администрација
(преку следење на
тренинзите -учество на тренинзите работата на изборната
- Опфат на претставниците на претставниците од администрација за
од сите политички партии кои политичките партии кои време на следните
ќе учествуваат во составот на учествуваат во работата избори)
избирачките одбори на избирачките одбори. -број на изборни
Обуки за изборната нерегуларности на
администрација, јавното следните избори
обвинителство и судовите за
спроведување на санкциите
против семејно и гласање во име
на друг:
• Обука за обучувачи
• Обука за откривање на случаи,
поднесување кривични пријави,
обезбедување на документација
и процесуирање на случаи на
„семејното гласање и гласање во
име на друг“.
Квалификувани
Очекувани резултати/ Индикатори за мерење
Проект Активности Целна група институции за
ефекти на успешно
имплеменатори
Граѓанско -Проценка и препораки за начинот Средношколци МОН, Биро за развој -изработка на анлиза -квалитет на
образование на кој изработените материјали во на образованието, која ќе даде соодветни анализата/проценката
кое соодветно рамки на програмата на УНДП ќе средни училишта и практични препораки за интегрирање на
го адресира бидат интегрирани во наставната во соработка со за „најсоодветно“ развиените материјали
проблемот програма за срединте училишта. експерти од областа интегрирање на во рамки на
на семејно и - Воведување во наставна развените материјали наставната програма
гласање во име програма во средните училишта. во рамки на наставната -донесена одлука
на друг како дел програма. од релевантните
од наставната - дополнување на институции
програма материјалите со повеќе - квалитет на
интерактивни методи имплементација на
(дискусии, симулации и одлуката
сл.)
-ниво на следење на
-донесување и препораките во однос
имплементација на на имплементацијата
одлуката за интегрирање дадени во анализата/
на развиените материјали проценката
во рамки на наставната
програма.
Квалификувани
Очекувани резултати/ Индикатори за
Проект Активности Целна група институции за
ефекти мерење на успешно
имплеменатори
Тренинг на Тренинг на новинари од Новинари Профитна/ -поголем фокус на -број на вести
новинари за политичката редакција на непрофитна проблемот на семејно и кои го покриваат
изборната национални и локални медиуми институција гласање во име на друг проблемот на
проблематика со цел правилно, нестеротипно (консултантска куќа, -нестереотипен пристап семејно и гласање
и соодветно известување за НВО, експерти итн.) во име на друг
изборите -едукативен пристап
-начин и квалитет
на известување
Квалификувани
Очекувани резултати/ Индикатори за
Проект Активности Целна група институции за
ефекти мерење на успешно
имплеменатори
Медиумска Заедничка кампања предводена Локално Локални медиуми Зголемена свест на Прес клипинг
кампања против од локалните медиуми на население локалното население од
семејно гласање територија на изборните единици изборните единици
каде што е регистрирано
семејно гласање. Кампањата Ниво на гледаност
покрај видео и радио спотови Информирано население
ќе треба да опфати и промоција за сериозноста на
на проблематиката и во проблемот, како и за
информативните емисии ( дебати последиците и санкциите
______________ и дискусии) како и да обезбеди кои следат
застапеност на проблематиката и Проценка на
во програмите кои не се од чисто вклучување на
Зголемена свест на
информативен карактер. публиката доколку
национално ниво
има контакти
емисии

Национална Кампања на три национални Население на РМ Медиуми/ продукции Суштински и


медиумска телевизии (албански и долгорочен третман
кампања македонски) која ќе се состои на проблематиката
од изработка на неколку видео ( ќе се избегне само
спотови против семејно гласање кусо информирање за
и нивно емитување во подолг проблемот на избрниот
временски период. Емитувањето ден)
на видео матријалите треба да
биде пропратено и со застапеност
на темата и во програми кои не
се од политички/ информтивен
карактер (пр. контактни емисии,
дневни и утрински програми,
дебати и сл)
СТОП
за семејното гласање и гласањето во име на друг

4 Анекс 1
ЛИСТА НА ПРИСУТНИ ИНСТИТУЦИИ НА
КОНСУЛТАТИВНАТА СРЕДБА

Државни актери Недржавни актери


НВО Политички партии
Министерство за внатрешни Бека центар
ДУИ
работи
МТСП МОСТ ЛПМ
ДИК Антико ДС
Министерство за правда Акција Здруженска ВМРО-ДПМНЕ
Министерство за образование и
Сојуз на Роми
наука
Собрание на РМ ДОМ
Координатор на клуб на жени
ПЕИ
парламентарки
ДПСМ
СДСМ

25
[ ]
CIP- Каталогизација во публикација
Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје

342.041 (497.7)
343.415 (497.7)

СТРАТЕГИЈА на државната изборна комисија против семејно и гласање


во име на друг. – Скопје : Центар за истражување и креирање
политики, 2010. – 25 стр. : табели : 20 см

Фусноти кон текстот. – Публикацијата е во рамките на проектот „Мој


глас – моја одлука“

ISBN 978-608-4586-14-2

a) Индивидуално гласање – Злоупотреба – Стратегија – Македонија


COBISS.MK- ID 86146570
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

СТОП
ЗА СЕМЕЈНОТО ГЛАСАЊЕ
Проектот е финансиран од Европската Унија И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ

You might also like