You are on page 1of 1

Датум__________ Име и Презиме_________________________

Одделение_________

Работно ливче
Предмет и видови на предмет/Удвојување на директен и
индиректен предмет
I. Определи го предметот во реченицата, дефинирај дали е директен или индеректен .

1. Јас го видов.
2. Петре му кажа.
3. Тој му кажа на другарот.
4. Ковачот кова железо.
5. Јас ја купив книгата.
6. Јас им пишав.

II. Во речениците во продолжение пополнете ги директните и индиректните предмети


што намерно се испуштени:

1. Ученикот чита ________.


2. Орачот _________.
3. Мајка ми плете ________.
4. Славчо му даде книга на ________.
5. Татко ми купи од пазар ________.

III. Пополнете ги пропуштените кратки заменски форми со кои е искажан предметот во


реченицата како дел од удвоениот директен или индиректен предмет.

Од фашистите страдаа и невини луѓе

Кога дојдовме до местото, каде што имаше печурки, мајка ми _____ остави кошницата и почна
да бере. Но тоа не беше за долго. Од некаде се слушна истрел на куршуми и мајка ми _____
погоди во главата, па таа падна на пожолтените лисја. Јас дојдов до неа. Таа ме гледаше со
стаклени очи: - Бегај, сине, фашистите доаѓаат! – изусти таа и ____ затвори очите.
- Мајко, - викнав, но таа не се одѕва...
Истрчав во селото и сè ____ раскажав на селаните. Потоа сите отидовме во шумата.
Мајка ми беше вкочанета. Само на едното око _____ беше останала последната солза.

(Од „Последната солза на мајка ми“) Пени Трпковски

IV. Удвојте ги предметите во реченицата.

1. Миле јаде цреши.


-
2. Ги поканив на мојот роденден.
-
3. Ние му јавивме.
-
4. Денес ѝ е роденден.

You might also like