You are on page 1of 1

Светото Писмо за здравиот начин на живот

1. Секое огорчение и јарост, гнев, викање и хулење нека бидат подалеку од вас заедно со секоја
друга злоба (Ефес. 4:31) Гневете се, но не грешете: сонцето да не зајде во гневот ваш (Ефес.
4:26). Зависта и гневот животот го скратуваат: грижите носат предвремена старост (Сир. 30:26).

2. Внимавајте на себе (Лука 17:3). Никаков лош збор да не излезе од устата ваша, туку само
добар, за издигање каде што треба, за да им принесе благодат на оние што слушаат (Ефес.
4:29). И вие само како живи камења, изградувајте од себе духовен дом (1. Петар 2:5). Затоа
умртвете ги своите земни членови, односно пороците: блудството, нечистотата, сласта, лошата
желба, лакомството, кое е идолопоклонство (Кол. 3:5).

3. Гледајте и пазете се од лакомството, оти животот на човека не зависи од изобилието на


неговиот имот (Лк. 12:15). Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на
душата своја и напакости? (Мк. 8:36).

4. Бракот на сите треба да е чесен, и брачното легло - чисто (Евр. 13:4). А Бог што составил,
човек да не разделува (Мт. 19:6).

5. Не покажувај јунаштина во виното; многумина виното погубило (Сир. 31:29). Виното


донесува жалост за душата кога многу се пие (Сир. 31:34). Ниту крадците, ни користољубците,
ни пијаниците, ниту хулниците, ни грабачите нема да го наследат царството Божјо (1 Кор. 6:10).

6. Тешко е за оној човек, кој јадејќи се соблазнува (Рим. 14:20). Јади како човек што ти е
принесено; не прејадувај се (Сир. 31:18). Добар сон има кој умерено јаде (Сир. 31:22).

7. И се што правите, правете го од душата, како за Господа, а не за луѓе (Кол. 3:23). И усрдно да
се грижите да живеете тихо, да си ја гледате работата и да работите со сопствени свои раце (1
Сол. 4:11). Кој не сака да работи, нека и не јаде (2 Сол. 3:10). Не бегај од тешка работа; не бегај
ни од земјоделскиот труд; тој е заповедан од Севишниот (Сир. 10:15).

8. Набљудувај го времето и пази се од злото (Сир. 4:23). Ползувајте го времето, зашто дните се
лукави (Еф. 5:16). И така немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за
своето; на секој ден доста му е неговото зло (Мт. 6:34).

9. Ако е можно, доколку тоа зависи од вас, бидете во мир со сите луѓе (Рим. 12:18). Грижете се
да имате мир со сите и светост (Евр. 12:14). Бидете свети како што Јас сум свет (Лев. 11:4).

10. Не барај го она што е преголемо и претешко за тебе; не истражувај го она што е над твоите
сили (Сир. 3:21). При многу твои занимања не грижи се за она што ти е непотребно (Сир. 3:23).
Не впуштајте се во разни туѓи учења (Евр. 13:9).

11. Примај со радост сè што и да ти се случи (Сир. 2:4). Благодарете за сè (1 Сол. 5:18). Не
позволувај злото да те победи, туку победи го злото со добро (Рим. 12:21).

12. А понатаму браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто,
што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа
мислете (Фил. 4:8). Нека ви биде според верата ваша! (Мт. 9:29)

You might also like