You are on page 1of 3

Испит - Бази на податоци – 2019-02-15

за студентите кои го слушале предметот во 2018/2019 зимски семестар


во паралелката водена од наставникот вонр. проф. д-р Вангел Ајановски
Вкупно време за работа на двата дела: 180 минути
Испитот се положува со освоени 50 поени, одделно гледано за секој дел.
Ќе се санкционира секоја недозволена комуникација – со намалување поени за време на
или по полагањето, или со прекинување на полагањето.

Теориски дел
Инструкции за решавање и поднесување
Креирајте фолдер со име вашиот број индекс, во него секоја од задачите решавајте
ја како посебна датотека именувана според бројот на задачата (01.txt, 01.doc, 01.odt,
02.xml, 02.jpg, …)
За поднесување треба да го спакувате целиот ваш фолдер во 7Z архива (не ги пакувајте
датотеките од внатре од фолдерот, туку вашиот главен фолдер) и испратете ја архивата.
Сајтот јавува грешка доколку не успеало испраќањето, во спротивно е во ред. Ако се
сомневате побарајте од одговорниот да провери.

Задача 1: (10 п) Прашања


Образложете ги концептите и нивните карактеристики според тоа како вие ги разбирате
и дадете по барем еден конкретен пример.
a) Референцијален интегритет
б) Проблеми при модификации на база која не е нормализирана.

Задача 2: Транслација во релациска шема со парцијална транслација (15 п)


Не заборавајте да означите во шемата сѐ што може да се види на дијаграмот.
Задача 3: ЕР моделирање (25 п)
Моделот треба да се црта со софтверот TerraER кој ви е даден во материјалите.
На крајот од работата зачувајте го изворниот модел како XML датотека и плус од
TerraER направете експорт на моделот како слика во JPG формат.
Училишта учествуваат со свои ученици и нивни ментори (наставници) на натпревари од
различни области. Училиште закажува учество на одделна реализација на натпревар. За
натпревар се чуваат податоци за месец во кој се оддржува, опсег (регионален, државен,
меѓународен), код, назив, ранг (6 одд., 7 одд. итн), и областа во која припаѓа (на пр.
Математика). За училиштата се чуваат податоци за идентификација, назив, адреса и
контакт лице, кое е еден од наставници. За секој одржан натпревар се водат податоци
за дата на натпревар и место на оддржување, а се знаат и сите учесници (ученици,
наставници и независни оценувачи). За уесници се чуваат податоци за име, адреса и
идентификатор. Специфично за секој ученик се знаат области во кои може да се
натпреварува и училиште во кое припаѓа. За секој наставник исто така се знае во кое
училиште припаѓа. За секој ученик за секој оддржан натпревар се знае остварен
резултат, остварени бодови, освоено место, ментор и оценувачи кои го вреднувале
резултатот.

Задача 4: Прашални јазици и дрва (15 п)


Се решава врз релациската шема на базата за Уписи со релациска алгебра

а) За предметите кои се задолжителни на насоката Софтверско инженерство и


информациски системи да се пресмета просечната оценка од сите студенти на
предметот. Имајте предвид дека во просек влегуваат само положените предмети и само
највисоко освоената оценка (во случај да има повеќе записи).
б) Прашалникот да се прикаже во форма на прашално дрво и да се доведе до оптимално
дрво. Процесот и резултатите да се образложат.
Задача 5: Функциски зависности и нормализација (15 п)
Дадена е релација R={A, B, C, D, E, F, H} со следните функциски зависности
F={CF→H, AE→DB, C→A, H→F }
a) Врз основа на овие зависности, да се определат кандидати клучеви во R.
б) Во која највисока нормална форма се наоѓа релацијата
в) Декомпонирајте ја шемата во највисока можна НФ, по можност во BCNF без губиток
на информации и со сочувување на функциски зависности. Доколку не е можно
сочувување на функциски зависности декомпозиција да биде во 3НФ.
Неоходно е да има образложене на секој од деловите и чекорите. Во спротивно не се
оценува.

Задача 6: Функциски зависности и нормализација врз пример (20п)


Нека е дадена релација со податоци за набавки (даден пример на инстанца)

Колоните по ред означуваат: број на нарачка, датум на нарачката, клиент, телефон на


клиентот, продавач, телефон на продавачот, број дел, дел име, количина, цена.
а) Формирајте релациска шема во 1НФ врз база на дадениот пример. Дефинирајте ги
функциските зависности кои важат во шемата.
б) Врз основа на листата функциски зависности пронајдете ги сите кандидат клучеви и
изберете примарен клуч.
в) Постапно декомпонирајте ја шемата до највисоката можна нормална форма без загуба
на информации за спојување и без загуба на зависности.
Неоходно е да има образложене на секој од деловите и чекорите.
Во спротивно нема да се оценува.

You might also like